Сместени во срцето на Скопје:
На локација која обезбедува брз и лесен пристап до сите банки, финансиски институции, владини органи и останати клучни деловни точки, нашите простории ги поседуваат сите предности на атрактивна централна локација, што не прави совршен избор за ваша идеална бизнис средина.
Градба и дизајн по светски стандарди:
Секој дел од нашите простории е дизајниран со внимание кон детали и стил, обезбедувајќи современ и функционален простор за работа. Интериерот е внимателно планиран, користејќи најсовремени технологии и висококвалитетни материјали, со цел создавање на пријатна и инспиративна работна околина.
Нашите простории:
Нашите простории се дизајнирани да одговараат на различните потреби на бизнис заедницата. Од модерните и пространи канцеларии и соби за средби, до целосно опремени модерни кујни, простории за дружење и лоби. Ви обезбедуваме прекрасна комбинација на комфор, ефикасност и луксуз.
Услуги:
Со фокус на задоволување на вашите потреби и загарантиран комфорт, на располагање се бројни дополнителни услуги како рецепција со професионално обучен кадар, безбедносен систем, брз интернет, техничка поддршка, паркинг простор и rooftop кој пружа неверојатен панорамски поглед на Скопје.


